Уапсените како што пренесе МИА се идентификувани како Исеин Насуфи (41), вработен во македонската гранична полиција, Дритан Ѓура (33), наставник и Мадрит Истрефи (30), сите тројца жители на Струга.
Покрај дрогата на упасените им се одземени и 30.500 евра, 6.000 швајцарски франци и четири мобилни телефони. Акцијата е реализирана во соработка со македонската полиција. Според албанската полиција, запленетата дрога била наменета за нарко пазарот во Италија.