Тројца српски навивачи се повредени попладнево околу 14 часот кај стоковната куќа „Мост“.
Еден од навивачите е потешко повреден, прободен со нож и е задржан на лекување во Ургентниот центар.
Според информациите на СВР Скопје, поголема група ги нападнала тројцата навивачи од Белград кои имале 19 и 20 година.
Фрлале камења и шишиња кон нив, а деветнаесетгодишниот навивач бил избоден со нож во грбот.
Кај другите двајца навивачи, лекарите констатирале тешки повреди.
Претходно, двајца црногорски државјани беа повредени во тепачка што се случи во 12.30 часот кај трговскиот центар Мавровка.
Според нивните изјави, црногорските државјани не биле дојдени во Скопје за фудбалскиот натрпевар меѓу Македонија и Србија.
Синоќа на арената Филип Втори се одигра фудбалскиот натпревар меѓу двете репрезентации, во кој Македонија славеше над Србија со 1:0.
извор:„Макфакс“