Масовна тепачка денеска околу пладне се случила во близина на старата пожарна во Струга. Во тепачката,според првичните неофицијални информации, учествувале 60- ученици Македонци и Албанци од втора година во Гимназијата „Ибрахим Темо“. Покрај тупаници во тепачката биле употребени  и разни тврди предмети, а подебелиот крај го извлекле тројца ученици. Еден од нив поради сериозноста на повредите е задржан на лекување во градската болница во Струга, а двајца по укажаната помош се пуштени на домашном лекување.

Од Гимназијата „Ибрахим Темо“ го потврдија инцидентот, кој според раководството на училиштето не е исклучено да има и политичка заднина.

Денешната тепачка се случи едвај десетина дена по воведувањето на посебни јазични смени во средното техничко училиште, со што расте сомнежот дека проблемот кој со години тлее во струшките средни училишта не е само образовен.

Ohridnews