Тројца ученици од средното училиште „Нико Нестор“ од Струга се повредени во напад кој го извршила група од околу 40 ученици во школскиот двор. Инцидентот се случил вчера. Најпрвин групата без никаква причина физички нападнала и претепала двајца ученици од Вевчани и Ресен. Во вториот напад настрадал 19-годишен охриѓанец.

Полицијата има осомничени за нападот на учениците и работи на расветлување на инцидентот.

Ова не е прв пат во средношколскиот центар во Струга да се случуваат вакви инциденти. Минатата година исто така во второто полугодие поради масовни тепачки учениците македонци повеќе од два месеци ја бојкотираа наставата со барање за воведување јазични смени.

Ohridnews