На годинешниот 13-ти “Зимски салон ” кој денеска ќе биде отворен во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе бидат презентирани шеесетина дела на 58 автори, меѓу кои се и тројца млади уметници од Охрид, Ели Аиноска – Аин, Билјана Ангелеска и Ристе Пуцоски.


Тие беа селектирани помеѓу деведесете пристигнати апликации на автори од Македонија и Турција. Селекцијата била извршена од страна на кураторката Томур Атагок од Истанбул ,Турција.


Темата на овогодишната изложба е  “Доктор глобал- мистер локал“.

Ohridnews