Тројца македонски државјани загинаа утрово во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Загреб-Липовац во близина на Нова Градишка во Хрватска,јавува Макфакс.
Несреќата се случила утрово околу 4 часот и 30 минути.
Како што пренесуваат хрватските новински агенции лицата кои загинале се на возраст од 32, 25 и 49 години, а тешко се повредени и 40-годишниот возач на возилото и 27-годишниот совозач.
Според првичните информации се претпоставува дека несреќата се случила поради умор на возачот бидејќи возилото марка „Тојота“ со кое управувал слетало од автопатот и се превртило.
Извор:Макфакс