Француската банка Сосиете женерал тројно ја зголеми добивката во вториот квартал од годината, а според раководните лица, покачувањето на профитот се должи на доброто работење со граѓаните.

Втората по големина француска банка, која во земјава ја поседува Охридска банка, бележи профит од 1,08 милијарда евра во периодот од април до јуни, во однос на 309 милиони евра од истиот период минатата година.

Сосиете женерал, која вложува огромни напори да го надмине големиот деловен скандал, информира дека ќе продолжи со својата стратегија да ги намалува пазарните разлики.

Ohridnews