Уставното име на Република Македонија да се користи за внатрешна употреба, како и во билатералните односи со земјите кои ја признааваат земјвава под уставното име, друго име за односите со Грција-прифатливо за Атина и трето име за употреба во меѓународните организации, ОН, ЕУ, НАТО. Ова неофицијално е таканаречената тројна формула за решавање на Грчко-македонскиот спор за името, што ја подготвува медијаторот Метју Нимиц.

Оваа сеуште непотврдена информација ја објавија дел од македонските медиуми, а според најавите Нимиц предлогот ќе го официјализира пред самитот на НАТО што ќе се одржи во април во Букурешт. Ваквиот предлог, исто така наводно, бил подржан од влијателни членки на НАТО.

Последната рунда разговори за името се водеше во Охрид пред десетина дена на која немаше поместувања во ставовите на двете страни. Македонија смета дека проблемот е билатерален за разлика од Грција која смета дека треба да се најде прифатливо решение за името кое ќе се употребува во меѓународните односи. Следната рунда преговори ќе се води во Грција.

ohridnews