Во крајно неизвесен натпревар бранителот на трофејот Металург со 22-20 го совлада домаќинот Пелистер и во колевката на македонскиот ракомет трет пат во низа го освои трофејот во националниот куп. Металург е првиот тим во македонската ракометна историја кој три пати по ред триумфира во најмасовното ракометно натпреварување во Македонија.
– Посебно сум среќен оти во овие две години успеавме да освоиме се во Македонија. Четири титули, две првенства и два купа. Мислам дека тоа е грандиозен резултат за нашиот клуб и јас сум јако поносен што овај пат тоа го направивме во колевката на ракометот во Македонија, во Битола. Сакам да им честитам на домаќините кои достојно и добро одигра во финалето. Знам дека на луѓето кога ќе изгубат им е тешко , но треба и нас да ни се оддаде признание. Би ги пофалил актерите во финалето кое мислам дека беше голем ракометен спектакл, кој сигурно е голема пропаганда на македонскиот ракомет – истакна Лино Червар, стратегот на Металург со кого “сино-белите“ стигнаа до тројната двојна круна.
Домаќините понесени од шест илјадната френетична публика одлично влегоа во мечот и користејќи го грчот на скопјани, не само што парираа туку и во дванаесетaта минута со голот од пенал на Лазаров стигнаа до предност 5-4. “Чкембарите“ на голот го имаа расположениот Тоскоски кој не само што ги скроти ударите од поле, туку беше непрeмостлива пречка и по ударите од седум метри. Димитровски (4 гола) и Петровски ( 5 гола) ја полнеа мрежата на Ангелов, односно Митрески, а Мојсовски и Стојчески (2 гола) го одржуваа шампионот во живот. Во последната минута од првиот дел “зелените“ ја имаа најголемата предност 14-9, а Мојсоски со гол пред звукот на сирената ги постави конечните 14-10 по првите 30 минуи.
– Знаеме дека во оваа сала е потребна смиреност, знамее какво е навиањето во Битола, почнавме во грч и тоа го искористи Пелистер, промашивме неколку пенали и зицери, тие го казнаа тоа и дојдоа до позитива во првиот дел – рече Мојсоски.
Полувремето беше добредојдено за “сино-белите“ кои по советите на хрватскиот стратег го започнаа шампионскиот танц. Пелистерци кои беа жртва на сопственото пеколно темпо кое го наметнаа во првиот дел, го загубија здивот, а Ракчевиќ и Мојсоски наизменично погодуваа и по серијаа 7-2 во 43 минута дојдоа до позитива 17-16.
Попушти гранитната одбрана на домаќините, на голот на Металруг се разбуди Ангелов кој со серија интеревенции ги отпиша битолчани, чувајќи ја предноста на “безбедни“ плус два 21-19. Везенкоски погоди и ја врати неизвесноста, но Мојсоски со деветиот гол на мечот не дозволи драма во последната минута, погодок по кој беше јасно дека трофејот и оваа година останува во витрините на Металург.
– Јас шест години го носев “зелениот“ дрес, иако знаевме каква е атмосферата овде во Битола, малце и го потценивме Пелистер,но по одморот се свестивме и заигравме онака како треба. Ние сме квалитетна и искусна екипа и тоа го покажавме на теренот покажувајќи дека сме најдобри во Македонија. Секогаш е тешко, да се издржи притисокот на публиката, но таа е тука да навива и да ги бодри своите, а ние на теренот да играме – рече Ангелов кој им честиташе на сите актери на овај ракометен викенд во Битола.
Наспроти мечот со Вардар кој го одлучија крилата, овај пат “металрузите “ се одлучија да одат преку центарот каде го имаа најдобриот играч на теренот Наум Мојсоски .
– На полуфиналниот меч ја раширивме играта, но во финалето не беше тоа случај, хендикеп за Пелистер беше исклчувањето на Зарков, кој во првите десетина минути направи две исклучувања . Ние игравме на таа карта, бидејќи знеме кој е Зарков и колку е тој важен за нивната одбрана. Пелистер падна кондиционо во вториот дел, а ние тоа знаевме да го искористиме, кога започна вториот дел го направивме овај пресврт со кој го приведовме мечот до својот крај, покажавме дека сме најдобра екипа во Македонија и дека до пехарот стигнавме сосема заслужено – потенцираше Мојсоски.
Единствено на нивото на финалето небеше судиската двојка Николовски – Колевски, кои предовдени од циркузантскиот однос на делегатот Начевски, кој повеќе време мина на теренот, отколку на клупата, со своите одлуки ги иритраа и двата табори.
– И честитам на екипата на Металург, исто така им честитам на моите играчи за борбеноста и се надминаа себе си. Одигравме едно вистинско финале , а да не беа некои контраверзни одлуки на судиите, натпреварот лесно можеше да оди во друг тек. Металруг имаше преку десет пенали, што е недопусливо за еден ваков натпревар. Имавме доста забелешкии кон делегатот Начески, овај натпревар сигурно ќе се прегледа, ќе се видат грешките но тоа е тоа, не можеме ништо да вратиме назад – истакна тренерот на Пелистер , Звонко Шундовски кој напомена дека и покрај сите тешкотии кои ги имаа во текот на целата сезона, годината може да ја сметаат за успешна.
– Јас се лутев на моите играчи кои играа без жар, ракометарите на Пелистер покажуваа повеќе срце него моите ракометари, тие играа повеќе борбено но мора да се признае дека имаше многу фаули кои и се за исклучување. Јас знам дека секогаш се бара влакно во јајцето кога ќе се загуби мечот, но сметам дека не треба да има забелешки на нашата победа, јас уште еднаш им честитам на ракометарите на Пелистер за овај голем меч – потенцираше Червар.
Колку странските ракометари кои настапуваат за ГРК Охрид го познаваат градот чии бои ги носат Дали Охридското Езеро е старо неколку илјади или неколку милиони години, што има на врвот на стариот гр...
После кратката пауза поради новогодишните празници теквондистите од клубот „Хваранг Фист“ започнуваат со припреми за новата натпреварувачка сезона Клубот е високо рангиран во Македонската олимписка...
Ракометната и спортската јавност силно ја потресе веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.