Трофејот од Супер купот на Европа кој го организира УЕФА, а ќе се одржи во Скопје на 8 август оваа сабота ќе пристигне во Охрид, односно на стадион „Атина Бојаџи“ во склоп на „Билјанини Извори“, каде од 9 и 30 до 12 и 30 часот ќе биде изложен за сликање.

Титулата која ќе крене подобрата екипа од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Охрид доаѓа во организацијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС).

OhridNews