По рекордната победа над Вардар (109 – 63) највисока во кратката историја на клубот, охридскиот Амак СП го очекува дербито на 17 коло. Во арената “Билјанини Извори“ доаѓа најтрофејниот македонски клуб  кој сам по себе е голем предизвик.

 – Работнички е предизвик за сите нас. Свесни сме што не чека и конечниот исход во многу работи ќе зависи од нашата реализацијата и движењето во поле. По поразот од Фени и победата над Вардар, момците сватија дека само со максимално залагање може да се надеваме на добри резултати – вели Лазовски
   


На првиот натпревар “езерџиите“ во скопскиот “Парк“ го совлада Работнички 75-70 и имат 1-0 предност во меѓусебните дуели.

– Ние на секој натпревар одиме на победа. Ништо не доаѓа само по себе туку треба да се одработи.Во Скопје одигравме на ниво и бевме добро организирани, се надевам на повторување на играта со Вардар кој би не довела до нова победа – истакна Марјан Лазовски.

Комплетниот ростер по санираната повредата на Чубрило е на располагање на Лазовски за мечот со Работнички кој ќе го даде одговорот кој ќе ја завземе позцијата “два“ на прволигашката табела.

М.Постоловски