Охридскиот боксер Бојан Ристески се закити со златен медал и признание за најдобар боксер на квалитетниот турнир во Косово.
Ристески во финалето го совладаа Албанецот, Кристијан Шејтани и ја продолжи одлична низа успеси на турнирите ширум Балканот.
Покрај Ристески боите на Македонија на турнирот во Косови ги бранеја уште боксерите Мартин Алексов и Димитар Ташков.
Мх.П.