Последнава декада во Серија А дојдоа и заминаа голем број на фудбалери. Во „калчо“ лигата се потрошија милијарди евра за нови фудбалери, а во нив имаше некои кои воопшто не ги оправдаа вложените финансиски средства. Тиражниот весник „Калчо меркато, направи ТОП 10 од промашени во Серија А.

Најголемо трансфер промашување е Немања Видиќ. Српскиот интернационалец во ниту еден момент во дресот на Интер не успеа да ги преслика перформансите од Манчестер Јунајтед. Видиќ беше капитен и лидер на „ѓаволите“ во освојувањето на сите клупски титули, што не беше случај на Џузепе Меаца.

Помеѓу десетте промашени трансфери се наоѓа уште еден фудбалер од балканскиот полуостров. Се работи за Никола Калиниќ. Хрватот пристигна во Милан во 2017 година, но неговото име не се спомена ниту еднаш во позитивна смисла.

Во ТОП место имаше уште за Робин Олсен, Бруно Перес, Даниеле Ругани, Таје Таиво, Ернанес, Жофри Кондогбија, Андреа Бертолачи, Џердан Шаќири и Андре Силва.

Следниов период, „Калчо меркато“ треба да го направи изборот на најдобар трансфер и уште неколку кои ја одбележаа последнава деценија.

OhridNews