Трофејот „Анри Делоне“, кој се доделува на шампионите на Европското првенство, имаше неславна посета на Романија, откако во живо на ТВ се стркала по подот во засрамувачки момент за Романската фудбалска федерација.

Трофејот, за кој ќе се бори и Македонија беше во посета на Букурешт кој е еден од градовите домаќини, но зад него беа поставени панели, кои силниот ветер ги турна директно на трофејот.

По брзата реакција, трофејот повторно беше поставен во иста позиција. Трофејот инаку ќе биде кренат по финалето на „Вембли“ на 11 јули.

OhridNews