Пехарот на ФИФА наменет за победникот на Светското првенство што ќе се одржи во Катар оваа година, денеска пристигна во Скопје, во рамки на глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство, коешто ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година во Катар.

Го донесе бразилската легенда Жилберто Силва, а во куќата на фудбалот на ФФМ го пречека претседателот на државата Стево Пендаровски.

 

Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ, порача претседателот Пендаровски.

Македонија е меѓу 51 држава опфатени со промотивната турнеја, во која се вклучени и сите 32 земји-учеснички на Светското фудбалско првенство во Катар.

Претседателот Пендаровски го оцени како фудбалска историја доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот.

OhridNews