На локалниот пат за с.Радолишта, вчера попладне, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишен жител на с.Делогожда-струшко и патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од 39-годишен жител на Струга.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 60-годишниот возач на првиот мерцедес, кој му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо-Охрид“, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од истото возило (20) од Р.Албанија и возачот на вториот мерцедес, на кои лекарска помош им била укажана во Медицинскиот центар во Струга.
На местото на несреќата извршен е увид.
OhridNews