Синоќа околу 21 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај Ново Село, Дебрца, патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од 70-годишен охриѓанец, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката (58) од Охрид, а возачот и уште една сопатничка (62) од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата “Св.Еразмо“ – Охрид. – информира СВР Охрид.
На местото на несреќата извршен е увид.
OhridNews