Охридските атлетичари Марија Јовановска, Блажо Љушев и Јован Стојоски се дел од македонската репрезентација која е во црногорскиот град Бар и се подготвува за Атлетскиот митинг, кој ќе се одржи на 1 мај.
Јовановска на Атлетискиот митинг ќе настапи во најбрзата спринтерска дисциплина 100 метри, Љушев исто така ќе настапува на 100 метри и во скок во далечина, додека Стојоски ќе се натпреварува на 400 метри.
Списокот на македонската репрезентација брои вкупно 13 атлетичари и сите ќе атакуваат на добри резултати и висок пласман во митингот во Бар.
OhridNews