Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие,во периодот од 07 часот на 11.04. до 07 часот на 12.04.2020 година, седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КВИД-19 ( Охрид-3, Струга-2, Кичево-2).Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-10, Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-18, Струга-15, Кичево-25, Дебар-11) и извршени се 137 контроли врз овие лица (Охрид-34, Кичево-7 и Дебар-96).
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 324 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 122), кои се сместени во четири сместувачки објекти. На 179 лица сместени во Струга, им заврши мерката задолжителен државен карантин. Полициските службеници извршија 45 контроли на угостителски објекти.
Од СВР Охрид информираат и дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишно лице од Велес. На 31.03.2020 година, во 01.00 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот кај населбата Рача и при контрола утврдиле дека тој нема дозвола за движење издадена од надлежен орган. Пријавениот постапил спротивно на прописите на Владата за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус КОВИД – 19.
OhridNews