Од направени 1.342 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, има шест оздравени пациенти, од кои по двајца се од Скопје и Тетово, а по еден од Кочани и Кичево. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство.
Досега во земјава се направени 874.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.
Во моментов во Охрид има 17 активни случаи.
OhridNews