Тројца надежни фудбалери од Охрид родени 2005 година се дел од новиот проект на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наречен елитна академија.  Мартин Ѓоргиевски и Коста Стојоски од тимот на Фер Плеј и Стефан Тодоровски од Еврофудбал ќе живеат и учат во Скопје како дел од елитната паралелка.

Комплексот кој е во склоп од „Куќата на фудбалот“ целосно е опремен за живеење со 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија.

Повикот на тројцата фудбалери е вистинска благодарница за клубовите, кои, се дел од Детската лига и регионалната лига во склоп на ФФМ.

OhridNews