Тројца просветни работници од Охрид: Маја Цветкоска проф.по германски јазик, Елисабета Настоска проф. по англиски јазик и Горан Матески проф. по информатика.Првиот се автори на првиот тријазичен речник (македонски-гермаски-англиски) наменет за едукација на учениците во основните училишта.

Тријазичниот речник беше промовиран на пригодна свеченост што се одржа вчера попладне во Ит кафе.

Речникот го работевме долго време заедно со учениците и се надевам дека ќе биде од голема помош за децата коишто ги учат двата јазици. Секако за нас ќе биде и дополнителен мотив да изработиме некој друг труд, можеби поопширна верзија на овој речник, изјави Елисабета Настоска проф. по англиски јазик.

Најпрвин речникот го издадовме за наши сопствени потреби, потоа увидовме дека продуктот е корисен за учениците и решивме да побараме поддршка од некоја од издавачките куќи. Се обративме до „Просветно дело“ и им благодарам што решија да го издадат овој тријазичен речник. Тој всушност е еден вид на наставно помагало, а не класичен речник, наменето пред се за ученици кои сакаат дуално да ги изучуваат англискиот и германскиот јазик. – изјави Цветкоска.

Цветкоска упати апел до колегите просветни работници да се охрабрат и да издаваат дела кои ќе ја подобрат наставата и ќе помогнат одредена материја полесно да се изучува.

Тријазилниот македонско-гермаски-англиски речник е пуштен во продажба во книжарниците на „Просветно дело“ по цена од 250 денари.

Г.М.