Тројца таленти од младинските категории потпишаа професионални договори со ГРК Охрид, информираат од клубот.

Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски ќе се дел од сениорскиот тим на ГРК Охрид во Супер машката лига во Македонија, додаваат.

Инаку, претходно договори потпишаа Даниел Андоновски, Тоше Ончев, Крсте Андоновски, Иван Тасески, а како што беше соопштено во тимот остануваат и десното крило Наум Костов, како и пикерот Кристијан Димитриески.

Ohridnews