Продолжуваат да се нижат успесите на младите охридски каратисти. Одличен успех забележаа каратистите од карате клубот „Кун-су-то” од Охрид и на Државно детско карате првенство кое се одржа на 16 и 17.04.2022 година во Гостивар.

dav

Освоени три златни, два сребрени и еден бронзен медал со што клубот доби три државни прваци, информираат од карате клубот „Кун-су-то” Охрид.

Анастасија Смилевска освои 1 во место во борби категорија женски 13 години – 54кгр (државен првак во таа категорија) и 3 то место во Кати женски возраст 13 години. Матеа Грозданоска освои 1 во место во борби категорија женски 12 години – 35 кгр (државен првак во таа категорија) и 2 ро место во кати категорија 12 години женски.

Козма Митревски освои 1 во место во борби категорија машки 13 години – 40 кгр (државен првак во таа категорија). Дамјан Митревски 2 ро место во борби категорија машки 13 години – 40кгр.

Сите четворица со постигнатите резултати се изборија за место во Македонската карате детска репрезентација и учество на Детско Балканско карате првенство. Продолжуваме со напорна работа во сала за постигнување на меѓународни резултати и претставување на Македонија и Охрид во најдобро светло, велат од клубот.

OhridNews