Ноќеска во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас лишиле од слобода 46-годишно лице од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.
Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол сопственост на неговиот татко од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, две лица на возраст од 33 и 57 години и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Од лицето бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
OhridNews
Фото: Илустрација/архива