Во три одделни акции службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид затекнала три лица со различен вид дрога.
Ноќеска пет минути пред 3 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 20-годишен државјанин на Австралија кој при контрола во објектот бил затекнат како користи кокаин.
При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 20.07.2024 во 21.10 часот на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 34-годишен скопјанец кај кого била пронајдена и одземена марихуана.
Истата вечер во 22.10 часот на магистралниот пат Струга-Подмолје, од слобода бил лишен и 36 годишен охриѓанец во чие возило била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ноќеска во периодот од 00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол: Охрид-02, Струга-01, Кичево-03. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира Димоски.
Во полицискиот билтен евидентиран е и физички напад на 23-годишен скопјанец во казино поради што приведено е едно лице од Охрид.
OhridNews