Вкупно 196 затвореници ќе бидат пратени од 124 чувари и спортски инструктори на специјалната велосипедска трка за затвореници што ќе се вози околу Франција. Во трката нема да има рангирања, туку идејата е да се поддржат тимската работа и трудот на поединците.
Еден затвореник изјавил дека ова за нив е шанса да побегнат од секојдневието во затворот. Проектот е наменет за анимација и социјализација на затворениците. Оваа трка ќе опфати пат околу земјата долг 2300 километри, а ќе започне во Лил на 4-ти јуни. Учесниците ќе преспијат во 17 градови, но не во затвори туку во хотели. Трката ќе заврши во Париз.