За да го промовира новиот модел патики под слоганот „Брз или храна“ рагби играчот Бен Коен се тркал на Вембли со волк и победил. Волкот Монти бил цело време зад решетки и така рагбистот и освојувач на светскиот куп бил сигурен.


Изјавил дека ова била најневеројатната работа која некогаш ја направил во животот. Секогаш бил отворен за нови предизвици и одлучил да се обиде. Се надева дека повторно ќе заигра за репрезентацијата на родната Англија. Некои од присутните рекле дека волкот не се трудел премногу па затоа ја загубил трката.