Фудбалерите на Струга Трим Лум комплетно можат да се насочат кон дуелот со Работнички во 1/8 финалето во Купот на Македонија, откако во Првата МФЛ успешно ја завршија задачата, совладувајќи ја екипата на Беласица со 3-0, полувреме 2-0. „Црвено белите“ го одиграа најдобриот натпревар и без поголеми проблеми славеа во дуелот со фенерџијата. Нијас Лена од пенал, Филип Миленковски и Флорент Османи од игра ја погодија мрежата на струмичани.
Филип Миленковски (Струга ТЛ) – Добро се подготвивме за натпреварот со Беласица. Мора да се признае дека добро отворивме и успеавме за краток временски период да постигнеме два погодоци. Триумфот ќе ни даде ветар во грб за натпреварот во Купот на Македонија и за следните предизвици во Првата лига.
Шефки Арифовски (Беласица) – Домаќинот заслужено ги освои бодовите на денешниот натпревар. Ние сме млада и перпесктивна екипа која мора уште многу да работи. Имавме пех и поради повреди не допатуваа три-четворица првотимци. Нашиот ривал многу добро го отвори мечот и започна со предност уште на стартот. Нам не ни преостанува ништо друго, освен да тренираме и да подобруваме од натпревар во натпревар.
Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) – Почетокот во кој постигнавме два погодоци беа клучни за исходот и текот на натпреварот. Потоа беше полесно да се игра и да се креираат прилики. Сакам да упатам честитки и поддршка за Беласица која одигра добро и покрај негативата.
Средбата помеѓу Струга Трим Лум и Работнички во 1/8 финалето од Купот на Македонија се игра на 21 октомври на стадионот „ФК Караорман“-Струга.
OhridNews