Охридските ракометарки забележаа витален триумф на гостување во Ѓорче Петров против истоимената екипа 28-24 (16-12).

Од почеток па се до крајот на мечот охриѓанки го имаа резултатот во „свои раце“ и не го испуштија со што прокнижија нови три бодови на табелата во Првата женска ракометна лига.

Ристовска одново имаше гол шоу постигнувајќи 13 погодоци, а на исто рамниште беше чуварот на мрежата Глигорска со 13 интервенции.

Повратникот во екипата Јованоска реализираше седум погодоци, а пивотменот Николовска четири.

Мх.П.