Првиот натпревар на новиот АМАК СП помина во доминантна игра во која охриѓани ја имаа контролата на паркетот. Помошниците на Лазовски, Бошалески и Цветковиќ има прилика на лице место да се уверат во квалитетите на летните засилувањата.
Солидна партија пружи новиот капитен струмичанецот Ефтим Богоев, како и српскиот интернационалец Мирослав Чубрило. Скромна партија на новото засилување 211 см вискоиот Доналд Литл, кому очигледно ќе му треба повеќе време да се адаптира на македонскиот стил на игра.
“Езерџиите“ по овој натпревар патуваат за Кавадарци каде од 22-24 ќе бидат дел од меморијалниот турнир, на кој покрај домаќинот Фени ќе настапат и Слога Краљево и бугарскиот Рилски Спортист.