Македонската ракометна репрезентација со победа ги започна натпреварите на трунирот “Трофеј Македонија“ . Во првото коло совладан е источниот сосед Бугарија со 42-24.

Високата победа е одраз на разликата на квалитет помеѓу нашата и Бугарската селекција. По овој, избраниците на Темелковски ќе треба ќе одиграат уште еден меч против Бразил. Со победа ќе го освојат првото место во групата и ќе играат во финалето в недела во Велес.
 
Далеку понеизвесен беше мечот во втората група каде Египет со 35-34 ја совлада селекцијата на БиХ.

ohridnews