Фудбалерите на Шкупи остварија позитивен резултат, победувајќи го косовски Лапи со 2-0 на домашен терен, додека Струга Трим Лум и Силекс со идентичен резултат (1-1) ремизираа со Лиепаја односно Петрокуб, во првите мечеви од воведното квалификациско коло во Конференциската лига.
Скопските „сино бели“ победата ја осигураа со головите на охриѓанецот Кире Маркоски во првиот односно Абдул Рватубаје во вториот дел.
Погодокот на Кире Маркоски за водство (1-0) на Шкупи.
Рватубаје зголемува на 2-0.
Екипата на Струга Трим Лум реми на гостински терен извлече со погодокот на Исени во последната минута од натпреварот во Латвија, додека кратовчани не успеаја да го задржат водството во дуелот со клубот од Молдавија.
Реваншите се играат следниот четврток.
OhridNews