Македонската репрезентација до 21 година стигна до втората победа во групата совладувајќи ја соодветната селекција на Швајцарија со 2-1.

Пред полните трибини во Куманово, конечниот резултат нa мечот беше постигнат уште во првиот дел. По 30 минути игра Македонија преку Тричковски и Златевски имаше убедлива 2-0 предност. Почесниот гол за гостите го постигна Естебан во 37 минута.

Со оваа победа младите се искачија на третото место во групата зад Европскиот првак Холандија и Норвешка.

ТАБЕЛА :

Холандија 12
Норвешка 10
Македонија 8
Швајцарија 5
Естонија 5 0

До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два натпревари. Против Естонија гостуваме на 20 август, а последниот натпревар во групата ќе го играме во Норвешка на 10 септември.