Следниот шести противник на АВ Охрид во Првата кошарарска лига, Кожув забележа триумф по пет мечеви во регионалната БИБЛ лига совладувајќи го Теодо со 81-76.


Гевгеличани одиграа неизвесен натпревар до самиот крај, а со добар финиш победија и ги освоија бодовите. За нив ова е втора победа сезонава во регионалната кошаркарска лига.

Кошаркарите на Кожув немаат многу време за одмор, бидејќи в недела со почеток во 19 часот ги очекува натпревар со „галебите“ во македонската кошаркарска елита.

Кожув, со скор од 2 победи и 3 порази се наоѓа едно место пред на АВ Охрид на табелата кој има една победа и четири порази.

Фото:Архива
OhridNews