Дуто Калиопи – Наум Петрески победи на 15-то издание на фестивалот “Сунчане скале“ што синоќа заврши во Херцег Нови – Црна Гора. Нивната песна „Рум – дум -дум“ освои 83 гласа, десет повеќе од Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев, кои ја потврдија македонската доминација на фестивалот.


Калиопи и Наум со „Рум -дум-дум“ настапија и на националниот избор на песна за Евровизија

Фестивалот на кој имаше повеќе македонски изведувачи се одржа по невообичаено студено време за црногорското приморје во овој период од годината. Дождот, а на моменти и градот придонесоа финалната вечер да ја проследи помалубројна публика, која го поздрави триумфот на македонската песна во Херцег Нови.

Ohridnews