Барселона ја одбрани титулата во ракометната Лига на шампиони и стана првиот клуб што успеал да триумфира две сезони по ред на фајнал фор турнирот во елитното натпреварување.

Во супер драматичлното финале во Келн, каталонците славеа над полскиот првак Киелце по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник 28:28.

Киелце избори продолженија со гол во последната секунда од мечот, а имаше и напад за победа во второто продолжение.

Во пенал серијата трагичар беше Алекс Душебаев кој не реализира пенал, што беше доволно за триумф на Барселона.

Во мечот за третото место Кил го совлада Веспрем.

OhridNews