Со почетокот на втората половина од декември, луѓето ширум светот се повеќе размислуваат каде ќе ја поминат „најлудата“ ноќ во годината. Многумина се заситени од лудите „журки“ кои стануваат секојдневие, одлучувајќи овој ден да го поминат со најблиските. Некои остануваат пред тв приемниците, додека за други оваа ноќ претставува само излитено клише. Сепак, најголемите авантурсти се одлучуваат да прослават на некое несекојдневно место. Оваа година, меѓу најбараните дестинации во светот се прекуокеанските, каде неодминлив дел се неколкудневните забави.
Според информациите на светските турстички агенции, оваа година најбарана дестинација е плажата Копакабана во Рио де Женеиро. Забавите под отворено небо во карневалска атмосфера, убавите жени и четири километарската песочна плажа се причините поради кои многу млади ќе отпатуваат на бразилскиот брег. Локално позната уште како „Ревеилон“, оваа популарна плажа за најлудата ноќ ја посетуваат околу 2 милиони луѓе од сите страни на светот кои се облечени во бело за време на лудиот дочек.
Веднаш зад Рио, се наоѓа австралискиот град Сиднеј, кој меѓу првите на планетата ќе ја дочека новата година. Со полноќниот огномет, запонува парадата „пристаниште на светлината“ на која изобилуваат алкохолот и голотијата. Прославата започнува во еден часот попладне, со првото пукање на топот од пристаништето. Забавата трае до раните утрински часови, а со оглед на тоа што во Сиднеј е лето, дестинацијата е привлечна за нешто повеќе од милион авантуристи.
Иако „градот на гревот“ е посетен во текот на сите годишни времиња, гласната музика, забавите и изобилстовото од пиротехника го прават уште повеќе привлечен за нова година. Авениите во градот на коцката се преполни со поднапиени луѓе, а забавата ја гарантира познатата изрека „што се случува во Вегас, останува во Вегас“. На полноќ, со огромниот огномет започнува новиот живот, а вообичаено е на отворено место да се конзумираат алкохолни пијалаци.
Други дестинациии кои оваа година ќе бидат хит за дочекот на годината, се европските метрополи Париз, Лондон и Берлин, потоа Њујорк во САД, а од подалечните дестинации тука се Банкок и Токио.
OhridNews