Над триста моторџии вчера попладне прoдефилираа низ центарот на Охрид во рамки на меѓународното мото рели  што се вози по повод Денот на независноста на Македонија. Релито кое започна пред два дена ќе се вози на релација Скопје – Дојран – Охрид – Скопје при што моторџиите ќе минат вкупно 910 километри. Тие денеска од Охрид ќе заминат за Скопје каде завршува мото релито.


Триста мотори протатнеа низ Охрид во чест на македонската независност


Ohridnews