Екипата на Барселона на крилата од триото Ентони Гризман, Луис Суарез и Лионел Меси го совлада Еибар со 3-0 (1-0) и го симна Реал Мадрид од врвот на табелата во Ла Лига.
Магичното трио на каталонците прв пат сезонава започна натпревар и веднаш се осети во играта и во крајниот исход. Победата на Барселона гостувањето кај Еибар ја најави Гризман во првото полувреме. Во вториот дел Суарез зголеми на 2-0, а Меси стави точка со погодокот за 3-0.
Барселона, има бод повеќе од Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат меч помалку кој ќе одиграат вечерва против составот на Мајорка.
OhridNews