Новозеландската полиција сопрела 13-годишно момче кое возело дури 137 км/ч додека татко му спиел на совозачкото седиште. Откако се разбудил, им рекол на полицајците дека не му било добро па затоа му дозволил на син му да вози.


Тинејџерите во Нов Зеланд можат да добијат привремена возачка дозвола на 15 години, а на отворен пат не смеат да возат повеќе од 100 км/ч. Таткото е обвинет бидејќи го поттикнал синот кој нема возачка дозвола да вози.