Mомче од гостиварското село Видуше се удавило вчера во реката Црн Дрим во Струга.

Како што информираат од  Министерството за внатрешни работи несреќата се случила вчера околу 17 часот кога тринаесетгодишниот Ален Џафери вчера заедно со роднини пливал во реката во близина на мостот на поезијата кога од непознати причини потонал и се удавил.

На местото на несреќата излегла увидна екипа која треба да ги утврди причините за трагедијата.

Ohridnews