Том Дејли од Плимут ( Велика Британија) ќе биде најмлад натпреварувач кој ќе настапи на Олимписките игри во Пекинг. Тринаесетгодишното момче се натпреварува во скокови во вода од десетметарска скокалница, а за Олимпијадата се квалификуваше во неделата на натпреварувањето во Пекинг, каде заврши на седмото место.


најмладиот олимпиец

„Не можам да верувам дека успеав. Пресреќен сум“ изјавил по натпреварувањето. Том е висок само 165 сантиметри, а минатиот месец го освои првенството на Велика Британија во Манчестер.

ohridnews