По првата есенска етапа во второлигашката конкуренција на врвот се искачи Охрид 2004, . Еден бод предност имаат “рибарите“ на табелата, додека еден бод предност имаат “градежниците“ од клубовите кои ги запоседнаа местата кои водат кон понизок ранг.


1 место на табелата, еден бод пред двоецот Тиквеш, 11 Октомври, првенец за Велески во “белиот“ дрес.

2 гола примени на мечот со градскиот ривал Охрид Лоте, втор пат сезонава двпати се тресе мрежата на “рибарите“, во првото коло беа поразени со 2-1 од Локомотива. Двајца фудбалери пожолтеа Перески и Д.Клечкароски. Втор пенал во првенството успешно трансформиран во погодок.

3 постигнати погодоци од три разлчини стрелци, Велески, Клечакароски од пенал, додека автоголт на Трајкоски оди на конто на Перески, трета победа на гостувањата.

4 победа во низа

5 победа во последните шест меча.


6 погодок на Клечкароски, четврти на гостувањата , два постигна со Новаци, еден со Еуромилк, и еден со Охрид Лоте.Тој е најпрецизен во екипата.

7 примени гола на гостувањата.

8 примени погодоци, втора најдобра одбрана во лигата, најмалку голови прими 11 октомври само 4.

9 постигнати погодоци на гостувањата, девет победи најмногу во втората лига.

10 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. И.Клечкароски шест пати, Нически четири пати, Китрозоски, Д.Клечкароски, и Перески по два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски , Бакулески и Велески.


11 бодови донесоа од надвор.

12 на дванаесет од тринаесте натпревари постигнаа погодок, а на единаесет од нив дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.

13 рунди девет победи, два ремија и два порази, со гол разлика плус 13

14 рунда, на “Билјанини“ на пролет доаѓа Локомотива.


21  постигнат погодок, трет напад во лигата, најефикасен е Тиквеш со 24 успешни реализации.

29  бода од можни 39.

40 жолти картони заработија “рибарите“ во досегашните есенскиот дел од шампионатот.

2000  гледачи го проследија мечот одигран во Охрид.


1 пораз по прекинот на негативната серија од четири порази, дебитантски погодоци за Речкоски и Мурџоски во “сино – белиот“ дрес.

2  пати ја затресоа мрежата во дербито. Трет натпревар на домашен терен како постигнуваат два гола, на мечевите

со Ринија и Локомотива тие беа доволни за победа.

3 автогол во првенството. Два пати сопствената мрежа ја затресе Г.Стојаноски, еднаш Трајкоски. Трет пораз на “Билјанини Извори“.


4 во четвртиот меч, по три рунди успеваат да постигнат погодок.

5 фудбалери пожолтеа на дербито. Цветкоски, Стојаноски, Речкоски, Бочески и Димоски.

6 натпревар без победа, пет порази и едно реми

7 натпревари на домашен терен, три победи , едно реми и три порази.

9 место на табелата, исто како и по 12. рунда.


10 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски и Волчески два пати, Речкоски, Мурџоски, Арсовски, Трајаноски, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш.  Десетти меч во првенството како се најдоа во негатива, седум од нив ги загубија.

11 дадени и 11 примени гола дома.

13 рунди , четири победи, две ремија, и шест порази.

14 освоени бода од можни 39.

17 постигнати погодоци , го имаат седмиот напад по ефикасност. Најефикасен е Тиквеш со 24 успешни реализации.


22 примени погодоци, втора најслаба одбрана во лигата. Повеќе голови има примено само Влазерими 32.

2000 гледачи го проследија мечот кој се одигра на “Билјанини“.

М.П.