Тринаесет годишно момче тврди дека поставило светски рекорд во дување балони со носот. Користејќи само една ноздрва, Ендрју Дал надувал 213 балони за еден час.


Со тој потфат, момчето настојува да влезе во Гинисовата книга на рекорди, а во тоа му помагале таткото Даг, кој ги мерел балоните и внимавал секој надуван да има барем 20 центиметри дијаметар, и неговата мајка Венди, која ги забележувала резултатите.

„Дали ова се смета како вежбање труба?“, во еден момент запрашал Ендрју.

„Само ако можеш да свириш со носот“, му одговорила мајка му.