Тринаесетгодишниот Алфи Патен, кој пред неколку дена стана татко на малата Мејси со својата 15-годишна девојка Шантел, ќе оди на ДНК тестирање за да се утврди дали новороденчето е навистина негова ќерка. Имено, откако приказната за малолетните родители започна да се врти по британските и светските медиуми, се открило дека неговата девојка Шантел во време на зачнувањето имала полови односи со тројца дечковци.


-Тие други глупави момчиња лажат и зборуваат лоши работи, дека и тие спиеле со Шантел. Но, јас сум единствениот дечко кој го има и заедно сме две години, така што јас мора да сум таткото – вели Алфи, кој е спремен да го помине тестот за татковство за да ја одбрани репутацијата на својата девојка.

– Претходно не знаев за ДНК тестовите, но мама ми објасни дека ќе ми земат брис од устата и така ќе откријат дали јас сум таткото. Па, ќе го направам тоа, и сите ќе замолчат. Но мене не ми е важно што зборуваат луѓето – додава 13-годишниот Алфи.

Таблоидот News of the World објавил за разговорот со 16-годишниот Ричард Гудсел кој смета дека би можел да биде татко бидејќи во време на зачнувањето спиел со Шантел, а со исто тврдење се јавил и 14-годишниот Тајлер Баркер, кој дури изјавил дека Шантел спиела со вкупно осум тинејџери.

Претходна вест