Премиерлигашите Ридинг и Арсенал одиграа неворојатен натпревар во Капитал купот. “Топџиите“ во трилер натпреварот успеаа да го совладаат Ридинг со 7-5 по продолженијата откако регуларниот дел заврши 4-4.
Домашниот состав во регуларните деведесет минути испушти предност од 4-0, која ја стекнаа во првата третината од натпреварот. Машинеријата на Арсенал се опорави од шокот и до крајот на мечот успеа да ја анулира предноста.
Возбудувањата продолжија во дополнителните триесет минути. Арсенал целосно го сврте 5-4 резултатот, домаќините изедначуваат на 5-5. Во последните мигови од натпреварот “топџиите“ со два голови ја заверуваат победата 7-5 и пласманот во наредната фаза.
Резултати : Лидс – Саумптентон 3-0, Сандерленд – Мидлзброу 0-1, Ридинг – Арсенал 5-7, Свиндон – Астон Вила 2-3, Виган – Брадфорд 0-0 (2-4 пенали).
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com