Српскиот тим кој ја продлабочи соработката со охридскиот беше тој кој го контролираше резултатот во целиот натпревар.
„Охриѓанки“ два пати стигнаа до егал, но никако неможеа да го зададат последниот удар. Со погодок во финишот на мечот гостите забележаа победа во трилер натпревар и го засенија одличното издание на Салихи, која ги постигна четири погодоци за домашните.
Од охридскиот клуб најавија дека ќе одиграат уште три-четири контролни натпревари пред учеството во Лигата на Шампиони.
Билјанини Извори : Арсова, Дукова, Салтировска, Солакоска, Стојаноска, Кузева, Андреевска, Ангелеска, Марковска, Милеска, Салихи.
Уште играа : Донева, Наумоска, Јосифоска, Дулеска