Херој на “црвено црната“ армија е Примак, кој го реализираше последниот удар од девет метри.
Вардар ПРО во текот на целиот натпревар имаше позитива која во средината од вториот дел изнесуваше седум погодоци (21-14).
Тогаш проработе гранитната одбрана, а во нападот се разбудија крилата Манасков и Георгиевски и ја анулираа предноста (26-26)
Последниот напад им припадна на “црвено црните“, Примак беше фаулиран на девет метри. Времето истече, остана само да се изведе прекршокот. Примак најде пукнатина во “живиот ѕид“ и го совлада Митрески за екплозија под “Кале“.