Избраниците на тренерот Наум Јанкуловски забележаа сензационална победа против Работнички во Скопје совладувајќи го со 4-3 во трилер натпревар.
„Јуниорите“ цело време беа чекор пред своите врсници од Работнички и со погодоците на Славе Маркоски, Симе Маркоски, Албнор Каба и Екрем Алијасар славеа победа на теренот од противникот.
Втората генерација која отпатува во Скопје претрпе пораз 5-1, но и за нив е искуство повеќе да се одигра меч со клубот, кој е расадник на таленти во нашата земја.
Мх.П.